Претседателот на Собранието Јован Митрески ќе ја закаже седницата за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова за претседател откако ќе го добие извештајот од Државната изборна комисија (ДИК) за конечните резултати од претседателските избори.
Рокот за поднесување на извештајот истекува во петок, во 19 часот.
Откако ќе го добие документот, Митрески седницата ќе ја закаже за во недела, напладне.
Кога станува збор за Стево Пендаровски, иако како поранешен претседател ќе има право на канцеларија, советник, возач, годишен буџет и висока пензија, тој ќе се врати на своето работно место во Универзитетот Американ Колеџ Скопје.