На онлајн брифингот со новинарите во средата, заменик-помошникот секретар на САД за Бирото за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар, кој е и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, рече дека е уверен и се надева дека без оглед на изборите во Северна Македонија, патот кон ЕУ ќе продолжи.
Ескобар ќе ја напушти работата овој месец.
„Една од работите што сме многу среќни што ја постигнавме е што ние, неколку земји од Западен Балкан солидно се на пат кон евроатлантските интеграции, особено оние членки на НАТО, Албанија, Северна Македонија и Црна Гора, кои се целосно ангажиран во целиот процес на пристапување во Европската Унија. Уверен сум и се надевам дека без оглед на изборите во Северна Македонија тој пат кон Европа ќе продолжи“, нагласи тој.