Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи заклетва за нов шестгодишен мандат, кој е петти негов откако дојде на власт во 2000 година.
Во краткиот инаугуративен говор, тој не ја исклучи можноста за дијалог со Западот, но, како што рече, тој треба да биде под рамноправни услови Северна Македонија се приклучи кон Соединетите Американски Држави, Канада, Германија и мнозинството земји членки на Европската Унија (ЕУ) чии амбасадори и дипломатски претставници не присуствуваа на инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин.
На церемонијата во Москва денеска не присуствуваше ни амбасадорот на земјава во Руската Федерација, Ненад Колев.
„Во однос на вашите прашања, информираме дека по инструкција на министерот за надворешни работи, амбасадорот на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Ненад Колев, нема да присуствува на инаугурацијата на претседателот на Русија“, одговориле од МНР за 360Степени.