Уапсениот Бесим Красниќи изложен на мерка притвор од 40 дена во Урошевац

Основниот суд во Урошевац изрече мерка притвор од 40 дена против Бесим Красниќи, кој беше меѓу четворицата северномакедонски државјани уапсени од косовската полиција на 3 мај, врз основа на меѓународна потерница издадена по барање на Северна Македонија.

Како што соопшти Судот во неделата, постои потерница од ИНТЕРПОЛ поради сомневање дека тој е одговорен за подготвување терористички акти и провали.

Институцијата додаде дека против него била распишана меѓународна потерница од ИНТЕРПОЛ, со барања од 2 април 2005 година и 9 мај 2008 година, од Северна Македонија. Според сомневањата, Красниќи злосторствата ги извршил во Северна Македонија.

Странките се известени дека жалбата на решението нема да го одложи неговото извршување. Тројца од четворицата уапсени државјани на Северна Македонија имаат и косовски пасоши, велат извори за Телма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*