Министерството за внатрешни работи: Фер избори без сериозни инциденти

На прес-конференција во средата, привремениот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмачалиев им честитаа на граѓаните за фер и демократски избори.

На прес-конференцијата Тошковски изнесе неправилности кои ги оцени како незначителни. Привремениот министер изјави дека немало инциденти кои биле посериозни и кои имале за цел да ја нарушат изборната нерегуларност.

На национално ниво, регистрирани се 12 случаи на фотографирање гласачко ливче, два случаи на кинење гласачко ливче, шест пријави за понуден поткуп, 15 пријави за водење кампања и извештај за пукната димна граната на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Во врска со гранатата дејствувала екипа за антитероризам. Врз основа на претходно доставени пријави, Министерството евидентираше шест прекршоци по член 190 од Изборниот законик, додека две пријави ќе бидат поднесени по член 163 од Кривичниот законик и една по член 159.

Во Куманово на две избирачки места се затворена, додека изборниот материјал е вратен во канцеларијата на Општинската изборна комисија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*