Горан Грујевски, екс-началник на Петата управа во УБК, уапсен во Загреб и пуштен на слобода

Екс началникот на Петата управа во УБК, бегалецот Горан Грујевски, вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти, но денеска бил пуштен на слобода.

Хрватското МВР и Интерпол доставилe информација до МВР вчера за приведувањето како и последната информација од утрово дека тој е пуштен на слобода.

Според извори на Телма одлуката да се пушти на слобода се должи на фактот што на Грујевски му бил одобрен азил во Грција.

Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, вo јуни 2017 година побегнаа од Македонија во Грција откако беа обвинети во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување.

Грујевски и Бошковски, беа уапсени на 18 октомври 2017 година на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, под имињата Неџби Хасан и Христо Атанасов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*