ДИК ги потврди листите за пратеници за Парламентарните избори на 8 мај

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница ги потврди листите со кандидати за пратеници на Парламентарните избори закажани за 8 мај.

Членот на ДИК, Борис Кондарко на почетокот на седницата појасни дека ниеден рок не е доведен во прашање и посочи оти сите рокови ќе бидат запазени и од нивна страна ќе бидат преземени сите активности согласно Изборниот законик. Тој информира дека за утре ја  планираат ждрепката за редните броеви на гласачкото ливче за Парламентарните избори.

“Ова е обемна и сложена операција која бара објективно повеќе време и судовите се реално оптоварени со работа за проверки и постапување за да ни ги доставуваат тие податоци, ја известуваме јавноста да нема забуни дека евентуално се пречекорени одредени рокови. Значи, ДИК е во рамки на предвидени рокови. Се вклопуваме целосно во Роковникот за сите изборни дејствија и што ќе следуваат по утврдувањето на листите”, рече Кондарко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*