Државната комисија за спречување на корупција го усвои приговорот на кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила од Академијата за судии и јавни обвинители.
Сомневањата се основани, истакна претседателката на Антикорупциска. Академијата со став дека како едукативна институција, не вршат вработувања, а продолжување на тестирањата – за да нема застој во работењето на правосудните институции.
Одлуката на ДКСК, Академијата на судии и јавни обвинители ќе ја обжали на Управен суд.