Граѓаните без активни сметки во банките поради неважечки документи

Се повеќе граѓани реагираат до Народниот правобранител затоа што не можат да располагаат  со сопствените пари во банка, бидејќи останаа без документи.

Старите лична карта и пасош им се истечени, а процесот на вадење нови трае предолго, поради што сметките не им се активни.

Од канцеларијата на Народниот правобранител сметаат  дека како што можело експресно да се најде решение  со истечени документи да може да гласаат, така и од ова сега треба да се најде излез. Предупредуваат ако не се преземе нешто, ситуацијата ќе се искомплицира, а бројот на поплаки ќе само ќе расте.

Уште пред неколку месеци прашале што ќе се случува со трансакциските сметки на граѓаните, во овие услови на вадење нови документи.

“Граѓаните не се само гласачи. Името и презимето и матичниот број се доживотни и ако се идентификувате со име и презиме или матичен број не би требало да биде проблем, но тоа е веќе нешто што ќе мора НБРМ да го усогласи и да им даде конечен став на банките како треба да работат”, вели Јован Андоновски – заменик народен  правобранител.

Според, сознанијата од народниот правобранител банките различно постапуваат со личните документи од граѓаните,  унифициран начин на работа немаат.

Од Народниот правобранител пак спасот го гледаат кај НБРМ. За проблемот ќе испратат и официјален допис до нив. Ако има потреба, ќе инсистираат и на средба за заедно да ги разгледаат можните решенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*