Расправија помеѓу министерот Тошковски и уредникот Салиу за приведувањето на фудбалскиот натпревар

Вербалната расправија и размена на обвинувања имаше денеска меѓу техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и новинарот и уредник на Порталикс, Фуркан Салиу, кој вчера беше приведен за време на фудбалски натпревар меѓу клубовите „БВК Коњаре“ и „Куманово“.

Тошковски вели има докази за тоа дека Салиу нападнал, или во најмала рака спречил полицаец да ја врши својата работа. Салиу тврди дека не се случило такво нешто.

Имаше и несогласувања околу пронајдениот пиштол во багажникот на автомобилот на Салиу, за кој тој имал дозвола. Дали полицијата исправно постапила, според заменик министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе покаже внатрешната контрола.

“Внатрешна контрола е вклучена во самиот тек. Што точно се случувало, на кој начин е уапсен, дали имало потреба и за сето тоа што е преземено, мој коментар ќе дадам по завршување на извештајот од внатрешна контрола”, рече Бојмацалиев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*