Вархеји: Превземените обврски мора да се исполнат за Македонија

Еврокомесарот за проширување не гледа можност за промена на преговарачката рамка за Македонија. Во изјава за бугарската БГНЕС, Вархеји кој денеска е во посета на Софија вели дека превземените обврски, мора да се исполнат.

“Критериумите се многу јасни од 2022 година, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие мора да се исполнат. Се надевам дека веднаш по изборите новата влада во Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и ќе продолжиме со исполнување на критериумите“, вели Вархеји.

Предизборните ветувања го привлекуваат вниманието во Бугарија, кои биле тема и на денешната средба на Вархеји со бугарскиот претседател.

Како што информираат од неговиот кабинет Радев ги осудил изјавите за можна промена на преговарачката рамка и изразил уверување дека по изборите ситуацијата во Македонија ќе овозможи целосно спроведување на европското решение од јули 2022 година.

Изјавите на водечките политички личности во РСМ, дадени за време на кампањата која е провокативен карактер, не помагаат да се зајакне дијалогот меѓу нашите две земји, рекол Радев на средбата во еврокомесарот за проширување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*