Вархеји: Подготвени сме да го придвижиме процесот со Северна Македонија по изборите

На состанокот на ЕУ на Балканскиот форум во Софија, во понеделникот, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји уште еднаш ја подвлече важноста на исполнувањето на критериумите на патот кон ЕУ.

„Го завршивме скрининг процесот со Албанија и Северна Македонија. Значи, сега чекаме да се отвори првиот кластер со Албанија. Подготвени сме да го придвижиме процесот и со Северна Македонија, откако ќе се исполнат сите критериуми. Ги чекаме изборите, се разбира во таа земја, но се надевам дека веднаш по изборите и ние ќе можеме да ја забрзаме работата со нив“, изјави тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*