Во интервју за РСЕ Македонски, претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари, вели дека уставните измени се единствената опција на патот кон ЕУ.
„Реков и во 2022 година во јуни, кога беше усвоен европскиот предлог за договорот меѓу Македонија и Бугарија – сите тие преговори беа нетранспарентни и неинклузивни. Но, со оглед на тоа што беше прифатено и донесено во Собранието, факт е дека ако сакаме да ги започнеме преговорите, а од она што го гледам никој не вели дека има други алтернативи, ќе треба да ги направиме уставните измени“, нагласува тој.
Во однос на претседателските избори, Таравари забележува дека ќе ја напушти политиката доколку не победи.