Пендаровски: Изборите ќе одлучат меѓу ‘патриотите’ и заштитниците на државните интереси

На митинг во петокот во Штип, претседателот Стево Пендаровски, кој се кандидира за втор мандат, изјави дека изборите ќе им овозможат на граѓаните да изберат дали ќе ги поддржат „т.н. патриоти“ или оние кои покажале како се штитат државните интереси.

Тој најави и проверка на судиите, обвинителите и политичарите.

Кога станува збор за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, таа на митинг во Ресен во петокот изјави дека солидарноста и соработката се меѓу основните принципи во документите на ЕУ.

Следниот ден, на митингот во Неготино, таа изјави дека нема да ги разочара граѓаните бидејќи тие се изворот на легитимитетот.

Останатите пет кандидати продолжија со своите активности и во текот на викендот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*