Нови опозициски обвинувања на адреса на актуелниот претседател и претседатслки кандидат Пендаровски, разузнавачот Муслиу и генералниот секретар на СДСМ, Зечевиќ.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тројцата развиле шема за фалсификување документи и лажни вести во изборни цели. Според опозицијата, дел од во мрежата е Асаф Есеин од израелската група на Тал Ханан за кого се водат истраги за фалсификати. И внмешаност во избори во светот.
“Заедничка работа на овој тим управуван од Асаф Еисин, со одобрување на Пендаровски е да склопат и креираат наводни документи, фалсификувани листови, врз определени податоци, (на пример седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во декември, на која е споменат РИШ) па сето тоа да го зачинат, со лажни податоци за имиња, насоки и сето тоа со фалсификување на потписи на лица коишто се познати во јавноста, како и со лица кои што не постојат. Ваквите креирани документи, вклучувајќи и наратив, приказна, се дава на определени медиуми креирани од СДС до СДС, или медиуми кои не гледаат проблем во црни пари во кампања”, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Од изборниот штаб на Пендаровски, ги демантираа опозициските одбинувања за фалсификати и најавија тужба за клевета. Ги отфрлија како лажни наводи со цел дефокус од скандалот за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ за фингирање анкети заради манипулација на јавното мислење.
Во врска со оваа афера, велат, очекуваат Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите. Претходно СДСМ повторно побара испитување на улогата на претседателот на ДИК Александар Даштевски во целиот случај затоа што во документите, кои ги оспорува ВМРО-ДПМНЕ како фалсификат, го има и името на Даштевски со улога за изборите во врска со неопределени гласачи.
“Соработка при предизборни активности на партија од страна на претседателот на ДИК е неспоива во неговата функција и улогата на државната изборна комисија при спроведување на фер и демократски избори. Ова е потенцијално кривично дело, што се заканува да фрли дамка на почетокот на изборен процес”, соопштија од СДСМ.