Коалицијата ‘Вреди’ ги објави носителите на кандидатски листи за пратеници

Носител на листа во Првата изборна единица е Изет Меџити, во Втората – Африм Гаши, во Третата – Шенер Билали, во Четвртата – Мендурим Зекмани, во Петтата – Салим Сулејмани, а во Шестата, Билал Касами. Поранешниот министер за здравство Беким Сали е коносител на листата во Првата изборна единица.

Коалицијата „Вреди“ составена од партиите „Беса“, „Алтернатива“, „Демократско движење“ и крилото на Таравари од Алијанса за Албанците и официјално ги претстави носителите на кандидатските листи за пратеници кои ги достави до Државната изборна комисија (ДИК).

Со „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ ќе имаат директна битка за гласовите на граѓаните во сите шест изборни единици. За својата листа од „Вреди“ тврдат дека е составена од искусни, чесни и докажани интелектуалци и кадри за разлика од нивните опоненти кои имале истрошени кадри и лица од црната листа на САД и осомничени за корупциски скандали.

Во првата изборна единица коносител е Беким Сали, поранешен министер за здравство, во втората е Ријад Шаќири од централното претседателство на Алијанса. а во шестата коносител е Беким Ќоку претставник на косовското движење „Самоопределување“ Лидерите на партиите од коалицијата „Вреди“ како носители ќе имаат директни дуели со опонентите од ДУИ.

Во првата изборна единица Изет Меџити ќе се судир со доскорешниот сопартиец Блерим Беџети, Африм Гаши има двобој со Садула Дураку во двојката, Зијадин села со доскорешниот сопартиец Салим Сулејмани а во шестката ќе се судрат Биљал Касами и Али Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*