Амбасадорката на САД Ангела Агелер во интервју за ТВ21, запрашана за можноста да се направат уставни измени пред формирањето на владата, вели дека верува дека тоа е изводливо.
„Верувам дека имало преседани, не со децении, мислам, но имало преседани кога се носеле амандмани за време на техничките влади. И така, една од работите што ги научив служејќи овде е дека сите работи се можни“, истакнува таа.
Во однос на судството, амбасадорот нагласува дека мора да има процес во кој поединци ќе бидат повикани на одговорност.