Села: Одлуката за печатот јасно го идентификува претставникот на алијансата за албанците

Села денес на прес-конференција, објави дека одлуката за печатот е многу важна бидејќи веќе е јасно кој е претставник на Алијансата за Албанците.

Коментирајќи ги изјавите на претставниците на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари дека ќе ја обжалат одлуката на судот, Села нагласи дека секој има право да ја обжали одлуката.

“Неговиот потпис уште кога имаше одлука на конгрес, а тоа право постои од правен аспект. Јас на никој не можам да му го скратам, а од друга страна за жал тој не го искористи правото неговите ставови да ги каже и на Централното претседателство, а и на конгресот каде што беше повикан и каде што му беше местото”, вели Села.

Од крилото на Арбен Таравари денеска рекоа дека тројца судии се смениле пред донесување на оваа одлука. Правниот застапник Абидин Абдули посочи дека одлуката на Судот не е конечна и дека во зададениот рок, кој изнесува 15 денови, ќе се поднесе жалба на изречената пресуда до Апелациониот суд во Гостивар, како и дека ќе ги разгледаат и сите можности за кривична и процедурална одговорност на претседателот на Судот и на судечкиот судија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*