Почнува кампањата за претседателските избори. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во четврток ќе одржи митинг во Скопје.
„Крајно време е да се стави крај на сите овие тешки порази, недоследности и понижувања на интелигенцијата на нашите граѓани“, рече потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски, апелирајќи што е можно повеќе граѓани да присуствуваат на митингот на Силјановска Давкова.
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, кампањата ќе ја започне во Крушево. Повикувајќи се на анкетите на неговата партија, тој очекува да влезе во вториот круг.
Кандидатот на ВЛЕН, Арбен Таравари изјави дека ќе се воздржи од поголеми активности за време на рамазанскиот пост.