Зијадин Села ја добил правната битка за партијата со актуелниот претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари.
Со тоа, Села, кој неодамна со неговото крило му се приклучи на Европскиот фронт на Али Ахмети, се враќа на челната позиција во партијата.
Арбен Таравари од Алијанса за Албанците се јави со реакција по објавта на крилото на Зијадин Села за одлуката на Судот дека Села е легитимен претседател на Алијанса за Албанците.
Таравари вели ако е вистина одлуката, ќе се жали, но не постои печат, како што кажува тој, што ќе ја спречи промената.