Одложено рочиште: Градоначалникот на Куманово ќе се суди на 30 април за злоупотреба на положба

Во Основниот суд во Куманово на денешното прво судско рочиште против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми „Делукс ауто“ и „Хромак“ за случај со недобивање дозволи за градење на висококатници во Куманово, е одложено за 30 април.

Градоначалникот Димитриевски изјави дека верува во институциите на системот и покрај тоа што во големите „осила“ има и пчели кои ги почитуваат законите. Тој нагласи дека обвинението е монтирано, има за цел да го наруши неговиот дигнитет и истакна дека и на преходните избори се соочувал со притисоци.

“Ниту сум спречил, ниту ќе спречам некој да гради згради висококатници, но кога се работи за училишта, медицински објекти, тоа е јавен интерес и јас сум должен да го штитам. Ова е фарса во контекст на избори и сметам дека ќе доживее фијаско, ќе оставиме на времето. Ќе се заложам максимално од позицијата за која претендирам да го демонтираме овој судски систем кој постои во соработка со обвинителскиот и МВР во целост”, рече Димитриевски.

Тој кажа дека континуирано се случуваат нарачки од „високи“ носители на политички функции од власта, „во случајот лидери од СДСМ“ за кои рече ги злоупотребуваат институциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*