Напад во Арачиново: Градоначалникот и групата што го придружувала нападнати околу 13 часот

Нападот врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими и групата која го придружувала се случила околу 13 часот денеска.

Веднаш по нападот, полицаец кој бил во групата како обезбедување на градоначалник им јавил на колегите за нападот.

Покрај градоначалникот и полицаецот од обезбедувањето, во групата биле и возачот на градоначалникот и уште едно лице вработено во општина Арачиново. Се движеле пеш низ селото кога од куќите излегло вооружено лице.

Во првата пријава, стоело дека станува збор за непознато лице вооружено со автоматска пушка кое откако излегло од куќата почнало да пука кон групата на градоначалникот.

Во пријавата стои дека се повредени две лица, возачот на градоначалникот Адвин Ајдини бил префрлен во Ургентниот центар поради прострелни рани во градите и таму му е извршена итна операција.

Вториот ранет во инцидентот е вработениот во општина Арачиново кој со приватно возило е однесен во Хируршката болница Наум Охридски во центарот на Скопје. Градоначалникот и обезбедувањето (вработен во МВР) не биле повредени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*