Крилото на Алијансата за Албанците на чело со Арбен Таравари во понеделник ги финализираше своите кандидати за пратеници, кои ќе бидат дел од заедничките листи со коалицијата ВЛЕН.
Крилото на Таравари ќе има само еден носител на листа, Салим Сулејмани во ИЕ 5. Во ИЕ 1 неговата партија ќе има кандидат на четвртата позиција. Сепак, ќе се направат дополнителни консултации за тоа кој ќе биде тоа.
„Ријат Шаќири од општина Липково ќе биде втор на листата во ИЕ 2. На третата позиција ќе има заеднички кандидат со Демократско движење. Четвртата позиција ќе и припадне на Алијансата за Албанците. Се надевам дека ќе го откриеме името по дополнителни консултации. Ќе имаме кандидати во ИЕ 3 и 4. Има повеќе имиња. Ни треба повеќе време за консултации. Се работи за независни, а не партиски кандидати. Затоа зедов овластување од Централното собрание да ги избирам лицата кои ќе имаат влијание во тој регион“, рече Таравари.
Меѓу кандидатите во ИЕ 6 е и актуелниот пратеник Снопче.