СДСМ и ЛДП ги претставија плановите за подобрување на животот на граѓаните

Во неделата, коалицијата предводена од СДСМ ја претстави својата изборна програма и кандидатите за пратеници.

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и лидерот на ЛДП Моника Зајкова, соносители во ИЕ 1, рекоа дека иако има задоволство од досегашната работа, потребно е многу повеќе за да се подобри животот на граѓаните, како и да се осигури дека младите не емигрираат.

Останатите носители на листи зборуваа за нивните планови за повеќе области, вклучително здравство, полиција, одбрана, култура и борба против корупцијата.

Во неделата ЗНАМ ги претстави и своите кандидати за пратеници.

Носители на листа на партијата на Максим Димитриевски се Бобан Карапеовски во ИЕ 1, Даниел Стојчевски во ИЕ 2, пензионираниот генерал-мајор Павле Арсовски во ИЕ 3, Миле Цеков, раководител на Стопанските комори за Југоисточна Македонија, во ИЕ. 4, екс-пратеничката на СДСМ Весна Бендевска во ИЕ 5 и Небојша Захариевски во ИЕ 6.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*