Министерката за одбрана Петровска беше меѓу учесниците на настанот по повод четвртата годишнина од интеграцијата на Северна Македонија во НАТО, што се одржа во средата. Таа ја опиша интеграцијата на Северна Македонија во Алијансата како историска.
Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин изрази благодарност за поддршката на Северна Македонија за кандидатурата на нејзината земја за НАТО. Шведска, додаде таа, ќе биде доверлив и кредибилен партнер кој ќе демонстрира солидарност со сите членки на НАТО.
Украинската амбасадорка Лариса Дир се заблагодари на Северна Македонија за помошта за нејзината земја.
Јапонскиот амбасадор Казуја Отсука ја осуди руската агресија врз Украина и изрази солидарност и најдлабоко сочувство за Украина и нејзиниот народ.
Шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, го пофали континуираното усогласување на Северна Македонија со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ до 100%.