Учесниците на амбасадорскиот состанок по повод четиригодишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО, ја истакнаа важноста од исполнувањето и на втората стратешка цел – членство во ЕУ.
Според евроамбасадорот Дејвид Гир, за ова да се случи треба да се исполнат преземените обврски од францускиот предлог и да се спроведуваат реформите.
„Стана вообичаено да се слушаат сирени кои велат дека земјава не можела да се зачлени во ЕУ, дали поради тоа што ЕУ не ја сакала земјата внатре или затоа што не била способна да се зачлени. Ништо од тоа не е точно. Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, патот е практичен и многу достижен“, рече Гир.
„Сигурен сум дека со одговорниот однос кој го имаме кон реформите и пристапните преговори со ЕУ, ќе успееме во достигнување на целта, Северна Македонија до 2030 да биде успешна европска приказна“, рече Маричиќ.