Лидерот на Демократско Движење Изет Меџити во интервју за ТВ21 рече дека куќата во која живее претседателскиот кандидат Бујар Османи била дивоградба, а тој како градоначалник му ја легализирал.
„Вечерва за прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, а јас како градоначалник на Чаир му ја легализирав нему како и на многу други граѓани. Османи наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво“, изјави Меџити во интервју за ТВ21.
„Артан Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани“, рече Меџити за Груби од ДУИ, кој е заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите.