Директорот на ЦУК под притисок: Ќе си ги спакува куферите доколку министрите од СДСМ гласаат за негово разрешување

Доколку министрите од СДСМ гласаат за негово разрешување, директорот на ЦУК ќе си ги спакува куферите.

Вели дека, работата му била стресна и не видел ниту бел ден ниту викенд, но сепак се ќе зависи од владиното мнозинство што тој најави дека ќе го напушти и ќе премине во спротивниот табор.

Смета дека, средбата со Џафери, кој најави дека ќе го разреши, е излишна, но ако му се јави, ќе се сретнат. За излегувањето од коалицијата ги известил и Ковачевски и Зечевиќ, кои сугерирале дека, и покрај тоа, сепак треба да остане на чело на ЦУК во овој чувствителен период за државата.

Во партијата „Достоинство“ одлучија да излезат од владејачката коалиција откако не беше донесен законот за обештетување на инвалидите и на семејствата на загинатите бранители.

Ќе влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ кои не им понудиле пратеничко место, иако тврдат дека не го ни барале затоа што фокусот ќе им биде на решение за проблемите на македонските бранители од 2001 година. Како што дознаваме, во ВМРО-ДПМНЕ на овие избори се прилично рестриктивни во однос на местата на изборните листи.

Обезбедени се места само за нивните традиционални помали партнери, додека понудата за тие што сега им се приклучуваат, како „Достоинство“ и „Демократски сојуз“, е само едно директорско место и едно вработување.

Изборните листи ги зовреа страстите и во СДСМ, откако на нив не се најдоа неколкумина од најактивните пратеници во овој мандат. Неофицијално, поранешниот претседател Зоран Заев имал големо влијание при нивното составување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*