ЕУ потврдува: Проширувањето и реформите треба да одат заедно

Проширувањето на ЕУ и внатрешните реформи во кандидатските земји треба да бидат паралелни процеси, порака од европските лидери.

На следниот состанок летово ќе се усвојат заклучоците за патоказите за идната работа. Проширувањето останува стратешки интерес на блокот, велат од ЕУ откако одобрија Босна и Херцеговина да ги почне пристапните преговори со Унијата.

Оваа одлука е клучен чекор на БиХ на патот кон ЕУ, вашето место е во европското семејство, порака од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со предлог да се промени начинот на кој Европската унија ги прима новите членки. Наместо сегашниот се или ништо, Брисел сака постепено да го ублажи патот на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија.

Ако се усвои иницијативата, на кандидатските земји би им се овозможило да искористат неколку придобивки додека ги спроведуваат реформите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*