Платформа 1198 е програмата со која ВМРО ДПМНЕ оди на овие парламентарни избори.
Низ 5 дебати на различни теми во текот на денот партиски функционери и експерти ги презентираат проектите а попладнево претседатлеот на партијата Мицкоски ќе ги сумира клучните точки од програмата чија бројка (#1198) го означува и бројот на преокти што ги ветуваат од опозициската партија.
Во еконосмкиот дел фокусот го насочуваат кон капитални инвестиции од 3 милијарди евра- за инфраструктурни проекти, за проекти во образование, во здравство, 55 илајди нови работни места и намалување на стапката на невработеност на 7.5%, укинување на мрежарината. Критики за програмата на конкурнцијата.
Полноправно членство во ЕУ и негување на стратешкото партнерство со САД меѓу клучните приоритети во надворешната политика. За спорот со Бугарија останува истиот став дека со актуелните усови не прифакаат уставни измени.
Во делот на политиката и владеењето на правото партиските функционери говореа за Собрание со 90 пратнеици и 1 изборна едница, реформа во правосудниот систем и јавната администрација, распуштање на судсиот и советот на јавните обвинители.
ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе ги финализира листите и коалициите за парламентрните избори. Од партијата до сега открија дека Мицкоски ќе биде носител во првата изборна единица, Мисајловски во двојката, Ковачки тројката, Николовски четворката, Сајковски петката и Стојановска во шестката.