Поради отсуството на еден од обвинетите и двајца од тројцата повикани сведоци кои требаа да дадат искази, денеска беше одложено судското рочиште што во охридскиот Основен суд се води поради физичкиот напад врз Христијан Пендиков, поранешен секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид.
Застапникот на оштетениот Пендиков до судот приложи невропсихијатриско вештачење со кое се бара оштета од дваесет илјади евра, при што посочи дека со недоаѓањето на еден од обвинетите и сведоците одбраната купува време.
Судијата кој го води процесот укажа дека сите повикани што нема да се појават на наредното рочиште ќе бидат спроведени со полициска придружба.
Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари 2023 година пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид.
Пендиков беше префрлен на лекување во Бугарија, каде доби и бугарско државјанство кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.