Американската амбасада призна административна грешка во врска со црната листа

Административна грешка – ова е одговорот од Американската амбасада за ставањето на починатиот сопруг на еск шефицата на СЈО Катица Јанева на црната листа.

Таа се најде во лошо друштво со актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски под сомнеж кај САД за корупција, освен нејзиниот син во првичното соопштениe беше наведен сопругот на Јанева.

На прашање на Телма ја потврдуваат грешката и велат дека имаат целосна доверба во доказите и собраните информации кои се побарани од нив – според американскиот закон – за да ја назначат Јанева на листата.

“Тие податоци се внимателно проверени и овде и во Вашингтон за секој поединец што го вклучуваме на нашата листа. Стандардна практика е да се назначуваат членови на потесното семејство на оние за кои сметаме дека се вмешани во значителна корупција. Во овој случај, информациите за еден член на семејството не беа актуелни и се работи за административна грешка“, се вели во одговорот од амбсадата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*