Вархеји до новата влада: Забрзајте работата, Македонија има исклучителен значаен корак пред себе

Владата што ќе биде избрана по изборите да ја забрза својата работа и да го надокнади пропуштено во изминатите две години, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Брисел, сумирајќи го актуелниот статус на секоја земја од Западен Балкан, поединечно.

Иако директно не ги спомена, јасно е дека Вархеји во обраќањето уште еднаш потсети дека уставните измени се клучниот услов Македонија да ги отвори преговарачките поглавја.

“Македонија се соочува со избори. Се надевам дека владата која ќе дојде по изборите, ќе ја забрза својата работа, работа која на некој начин беше запоставена во изминатите година, две. Потоа ќе го видиме испорачаното од нивна страна за да можеме да продолжиме во следната фаза, односно ефективен почеток на пристапните преговори”, изјави Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување.

За разлика од Македонија за која беше воздржан, Вархеји не штедеше пофални зборови за Албанија на конференцијата насловена „Нов моментум за проширувањето“.

Побара Европскиот Совет итно да ги почне преговорите со Тирана, што практично би значело раздвојување од пакетот со Скопје во преговарачкиот процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*