Веќе е извесно дека нема ништо од предизборна коалиција на СДСМ и ДУИ.
По министерот Бектеши, денеска и лидерот на СДСМ, Ковачевски потврди дека самостојно ќе настапуваат, а со завршувањето на мандатот на владата која ја предводеше според него завршиле и сите меѓусебни коалициски обврски.
Во албанскиот блок според најавите главната битка ќе се води во 6-тата изборна единица, каде носители ќе бидат Али Ахмети и Билал Касами, а во македонскиот во единица, каде ќе се соочат Ковачевски и Мицкоски.
Останатите носители СДСМ ќе ги соопшти до крајот на месецот, а ВМРО-ДПМНЕ се уште размислува единствено за петтата ИЕ.