Врховниот суд ја одби жалбата за притворот на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања

Врховниот суд ја објави одлуката за жалбата за притворот на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, која минатата среда ја одби како неоснована.

Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка, која беше пронајдена мртва на 3 декември, минатата година.

„Во конкретниот случај околностите поврзани со видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело, за кое постои основано сомнение дека го сторил обвинетиот, доброто кое е заштитено и последиците од истото – настанатата смрт како последица на кривично правниот настан, предвидената казна за истото, соочувањето со евентуалната можност од изрекување на ефективна казна затвор, доведени во сооднос со личните прилики на обвинетиот, особено фактот дека истиот е невработен, се околности кои упатуваат на опасност од бегство заради избегнување на кривичниот прогон и негова евентуална кривична одговорност“, се наведува во одлуката на Врховниот суд.

Во одлуката на највисокиот суд се наведува и дека со оглед на фактот што  истражната постапка не е во целост завршена и натаму постои оправдан страв и реална опасност дека обвинетиот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и останатите осомничени, како и прикривање на доказите.

Судот притоа оценил и дека оправдан е стравот и од повторување на делото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*