Министерството за одбрана готово да одговори на барањето за лекување на украински војници

Министерството за одбрана има капацитет да одговори на барањето за лекување на повредени украински војници, но тоа е во надлежност на министерствот за здравство со кои сме во редовна комуникација, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на „Отворениот ден за јавноста“ на Армијата во Штип, по повод 75 години НАТО и 4 години од нашето членство во северно атланската алаијанса.

“Ако се појави евентуална потреба, бидејќи до овој момент не е пристигнато конкретно барање за ваков тип на згрижување и лекување на украински војници и се разбира, особено ќе внимаваме да излегувањето во песрет на ова барање, поддршката и помошта која што ќе ја понудиме, да не влијае на редовните процеси во јавното здравство”, изјави Славјанка Петровска.

На отворениот ден, граѓаните одблизу се запознаа со дел од вооружувањето, борбената опрема и возилата на АРМ. Настапи воениот оркестар, а посетителите имаа можност и да вкусат „војничко“ гравче и чај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*