“Системски политичките аномалии се немоќни пред волјата на владеењето на правото”, тврди претседателката на Судот чувар на Уставот кој влегува во седмата деценија, Добрила Кацарска.
На Меѓународната конференција „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата, организирана од Уставниот суд по повод 60 години од неговото основање, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Ги повика носителите на највисоките државни функции да придонесат за зајакнување на Уставниот суд и ги охрабри граѓаните да не се колебаат да му се обратат за правна заштита.
Во оваа прилика посочувајќи ги одлуките на Судот како клучни, претседателот Пендаровски кажа што мисли за случајот со новинарите кои беа нападнати на 27-ми април известувајќи од насилните настани. На линија со претседателот во однос на 27-ми април и амбасадорот на ОБСЕ, Вал.
„Преку својата судска практика, судот не само што ги бранеше индивидуалните права на новинарите, туку и активно придонесе за слободно и демократско медиумско известување“, изјави Вал, амбасадор на ОБСЕ.
Премиерот Џафери посочи дека измените и реформите ги правиме пред сè за нас. Собранискиот спикер Митревски побара јасна динстикција меѓу професионалците и оние малкумина кои работат под влијанија.
Судиите да бидат слепи на политички влијанија и јавни мислења, и притисоците на судиите за кои слушнала да запрат, порача амбасадорката на САД, Агелер. Потребата за воведување на уставната жалба како граѓански механизам беше поддржана од сите релевантни чинители.