Коалицијата ВЛЕН во средата соопшти дека низата симптоматични потези на раководството на ДУИ, заедно со Извештајот на ОДИХР за потенцијалните ризици за изборите, поттикнале сомнеж за намерите на „очајните губитници“, кои по толку години ќе станат опозициска партија.
„Прво, Али Ахмети, во февруари во Косово, рече дека сега не е време за претседател од албанската етничка заедница. Второ, кога ДУИ стана свесна дека не можат да најдат начин да го спречат ВЛЕН да има претседателски кандидат, Артан Груби објави „Само Али Ахмети“ на Фејсбук, алудирајќи дека тој ќе биде нивниот претседателски кандидат. Трето, кога Арбен Таравари рече дека станува претседателски кандидат на ВЛЕН, Ахмети се исплаши за поразот со кој ќе се соочи и реши да го жртвува Бујар Османи, со идејата за уставни измени за промена на Изборот на претседател и воведување на нова функција, заменик претседател, како услов на ДУИ за каква било коалиција со партиите на етничките Македонци. Потоа, на промоцијата на Османи за претседателски кандидат, Ахмети го промовираше мотото „Дојде време за прв претседател од албанската етничка заедница“. Никогаш досега ДУИ не изгледала вака збунето и исплашено“, велат од коалицијата.