Утринава регистрирани 5 нови случаи на голема кашлица во Скопје. Пациентите се претежно на училишна возраст, а еден е на 44 години.
На сила се препораките на комисијата за заразни болести да не се згрижуваат деца кои не се вакцинирани или делумно вакцинирани во установите за предшколска возраст.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува контроли врз работењето на градинките, односно проверува дали се почитува ваквата одлука која потпис доби и од министерот за здравство Демири.
Од вакциналните пунктови во земјава пак деновиве регистрираат драстичен пораст на лица кои се пријавиле за имунизација. Велат дека нивниот број на дневно ниво е трикратно зголемен.
Објаснуваат и дека по вакцинирањето децата повторно ќе можат да одат во градинка како и дека не е точно дврдењето дека по примена вакцина против пертусис треба да останат дома 21 ден.