На прашање на Канал 5 , Ескобар рече дека САД ги ценат и Макеоднија и Бугарија како членки на НАТО и дека дијалогот меѓу двете земји треба да се заснова на факти.
„Сакам да почнам со тоа што ќе кажам дека и Македонија и Бугарија се ценети НАТО членки и сојузници и сакаме мирно решение на сите прашања, но го охрабруваме дијалогот меѓу Македонија и Бугарија да остане врз основа на факти и вкоренет во заложбата Македонија да продолжи да има ЕУ перспектива. И верувам дека имаме осигурувања од Бугарија дека тие сакаат Македонија да биде дел од ЕУ. Сакаме да ги искористиме тие можности бидејќи Македонија треба да биде целосен кандидат и итен кандидат за членство во ЕУ.“, рече Ескобар.