Седум кандидати ќе се тркаат за претседател на државата. Од вкупно 15, осуммина го немаат потребниот цензус за кандидатура. На полноќ истече рокот за собирање потписи.
ДИК ги сумираше резултатите. Со корекциите на Изборниот законик ќе може да се гласа и со старите лични документи. Кандидатите се Пендаровски, Силјановска Давкова, Османи, Таравари, Димитриевски, Ванковска, и Јакимовски.
Таравари во петокот во интервју за Телма изјави дека програмата на ВЛЕН наскоро ќе биде објавена, додавајќи дека таа се заснова на четири главни столба: интеграција во ЕУ, уставни измени и за отстранување на терминот „20%“ за албанскиот јазик и избор на претседателот во Парламентот, владеењето на правото и регионалната соработка и стабилност.
ДУИ во саботата официјално го претстави својот кандидат Османи, кој рече дека очекува влез во вториот круг.
Претходниот ден, во врска со парламентарните избори, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски рече дека неговата партија ќе ја објави листата со кандидати за пратеници најдоцна до 22 март.