Телма побара информација од македонското МНР за чии и кои изјави реагира бугарскотот МНР, но досега не добивме одговор.
Бугарските медиуми, пак, објавуваат дека станува збор за изјави на шефот на македонската држава и кандидат на СДСМ за нов мандата за претседател, Стево Пендаровски.
Дополнително, дипломатската реакцијата уследи откако партијата ВМРО-БНД на Ангел Џамбаски, побара Софија да реагира на, според неа, говор на омраза кон бугарската држава, од страна на македонскиот претседател.
Како непримерни и лажни за Бугарија притоа се цитира изјавата на Пендаровски во која тој вели дека на Бугарија и се дава несразмерно големо влијание на ниво на ЕУ кога некој вели дека преговарачката рамка со Унијата е „бугарски диктат“, но и неговиот коментар на ВМРО-ДПМНЕ за вклучување на Македонците во бугарскиот Устав, при што рече дека македонското малцинство во Бугариија е малтретирано со децении и децении, 70-80 години минимум и кое поминало страшни тортури и голготи.
На соопштението на бугарскотот МНР реакција стигна од шефот на македонската држава.
„Во однос на коментарите кои се однесуваат за постоење на македонско малцинство во Бугарија, се работи за факт кој е потврден и со одлуките на судот во Стразбур“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.
Притоа од таму се наведува дека ставот на претседателот Пендаровски, и во минатото и сега, е дека е потребна конструктивност во билатералните односи и решавање на отворените прашања, со оглед дека Македонија претендира да биде дел од ЕУ каде што заедно со соседна Бугарија ќе биде упатена на уште поголема соработка.