Иако останува помалку од еден месец до истекот на ракот за доставување на пратеничките листи до ДИК, од СДСМ се уште не ја исклучуваат можноста за заеднички настап со ДУИ на парламентарните избори.
Ковачавски вели дека разговорите со коалиционите партнери партнери продолжууваат, но без да појасни дали се уште се преговара и со интегративците за заднички пратенички листи.
„Во моментот тече постапка за номинирање на кандидати за пратеничките листи и секеретаријатот на партијата работи на комуникација со општинските организации на првичната селекција и потоа настапува постапката на раководството на ИО да бидат точно опреелени кандидатите на пратеничките листи, се разбира и разговорите со колиционите партнери во однос на распределбата на конретните места во однос на пратениичките листи“, истакна Ковачевски.
СДСМ, како што најави, ќе има носители на листи во сите шест изборни единици, а Ковачевски ќе ја предводи листата во Првата изборна единица, останатите имиња, како што рече, се уште не биле дефинирани.
Внатрепартиските анализи продолжуваат и во ВМРО-ДПМНЕ. Извесно е дека партискиот лидер Мицкоски за прв пат ќе биде кандидат за пратеник, и како што најави уште во ноември ќе ја предводи листата во Првата избирна едница. И од ВМРО-ДПМНЕ ни одговорија дека носителите и листите се уште не се утврдени.
„Не можам со сигурност да кажам колкав процент на пратеници ќе има на листите од преходниот пратенички состав во однос на новиот. Но, со сигурност можам да кажам дека по внатрепартиска анализа ВМРО-ДПМНЕ ќе има навистина соодветни и најдобри пратенички листи“, рече вчера Митева.