Полиграфи за службениците на високо ризични работни места на граничната линија

Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров на прес-конференција најави отпочнувањето на серија јавни дебати за „Утврдување на интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција“.

Тој информираше дека проектот почнува откако на седницата на Владата одржана на 27.02.2024 година се донесени заклучоци Националниот координативен центар за гранично управување (НКЦГУ) да отпочне со подготовките за отворање јавна дебата за оваа тема, истите да ги спроведе и да поднесе извештај до Владата од спроведената јавна дебата, со предлог за натамошно постапување.

Полиграфистите ќе бидат во рамки на Собранието како ново тело, а и самите повремено ќе бидат проверувани. Секое лице кое нема да го помине полиграфот, ќе биде суспендиран од работното место и веднаш пријавен до Јавното обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*