Партиите ги прават последните комбинаторики за листите за пратеници за парламентарните избори, закажани за 8-ми мај.
Лидерот на СДСМ, Ковачевски рече дека преку општинските организации се номинирале над илјада кандидати, а околу шестотини официјално поднеле кандидатури за пратеници.
Тој рече дека разговараат со коалициските партнери за распределбата на местата. Здружената опозиција на албанските партии „Вреди“ составена од четирите партии Демократско движење, Алтернатива, движењето Беса и крилото на Таравари не стравува од најавата на ДУИ за создавање фронт со крилото на Села, партиите на Хоџа и Скендер Реџепи и со ДПА.