ДИК е комплетна. Седмиот член Абдуш Демири, даде свечена заклетва. Вети дека ќе ја извршува функцијата совесно, почитувајќи ги законите. Комисијата цела година работеше со 6 члена.
Постапката во Собранието се проблематизираше со барањето на Алијанса да го задржи местото во ДИК, иако стана владејачка партија, додека европскиот сојуз за промени инсистираше на својот предлог како втора опозициска коалиција.
Државната изборна комисија очекува Законодавниот дом да даде зелено светло за измена во Изборниот законик во која ќе има преодна одредба, само за претстојните избори да може да се гласа со стари, но важечки патни исправи.
Лицата кои влегуваат во полнолетство, ќе може да се пријавуваат во ДИК за да бидат внесени во избирачкиот список.
Народниот правобранител за нив побара од владата да изнајде начин да им се обезбедат лични карти, со што би си го оствариле уставно загарантираното право на глас. Увидот во избирачкиот список е до 18-ти март.