Кроење на изборни листи: ДУИ обид за контра коалиција, „Вреди“ формира албански фронт

Почна кроењето на пратеничките списоци во партиите. Процедурата треба да финишира до 2 април кога во ДИК ќе треба да се предадат предлог листите за народни избраници.

Најдалеку во процесот се отидени во албанскиот блок. Во партијата на Ахмети се прави обид да се формира контра коалициски фронт на опозицискиот „Вреди“.

На ДУИ би требало да се приклучи ДПА на Тачи, крилото на Села од Алијанса, партијата на Аријанит Хоџа кој би бил дел од листата во 6-ката, и Скендер Реџепи. Веќе се шпекулираат и двојките кои би се судриле во изборните единици каде доминатни се албанските гласови.

Во Единицата, носител од „Вреди“ би бил Изет Меџит. Спроти него, можно е да биде Блерим Беџити од ДУИ, кој пред расколот беше дел од Огнените во ДУИ со Меџити.

Но, ДУИ може да изненади и во првата изборна едница како носител да го стави и Талат Џафери, како прв премиер Албанец. Во Двојката, би се судриле Африм Гаши од „вреди“, со координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми.

Во охридско-струшката единица од редот на опозицискиот блок носителот треба да го одреди Таравари, додека ДУИ носителското место во оваа единица е спремна да го отстапи на Зијадин Села. Во тетовско-гостиварската едница носител на „Вреди“ ќе биде Касами, а европскиот фронт на ДУИ традиционално ќе го предводи Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*