АВМУ и Македонската медиумска асоцијација осудуваат повикот за бојкот на Канал 5

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска со реакција во однос на статус објавен од страна на претседателот на политичката партија Левица во кој тој упатува повик за бојкот на огласувачите и нивните производи на ТВ Канал 5, со што како што велат се споменува системска организирана антикампања.

Ваквото однесување од АВМУ, велат, е апсолутно неприфатливо, особено што станува збор за политичари и јавни личности кои треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите.

По написите на фејсбук на Апасиев со осуда се огласија и од Македонската медиумска асоцијација. Реагираат на говорот на омраза искажан кон Канал 5 Телевизија и нејзиниот директор Иван Мирчевски од страна на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како и членови од неговата партија.

“Ги осудуваме тоталитаристичките обиди на овие лица да замолкнат слобода на говор како и обидите за заплашување на медиумот, директорот но и клиентите кои се огласуваат на Телевизија Канал 5 со тоа што Апасиев повикува на антикампања за огласувачите и производите кои се рекламираат на Канал 5”, реагираат од Асоцијацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*