Силјановска-Давкова и Пендаровски собраа 10,000 потписи за претседателските избори

Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски за неколку часа ги собраа потребните 10.000 граѓански потписи за учество во претседателската трка.

Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека тој го минал потребниот законски праг на граѓанска поддршка. И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потврди дека Силјановска-Давкова ги собра потписите, и изрази уверување во нејзина победа.

Изутрина, дел од регионалните канцеларии и одделенија на Државната комисија, осамнаа со редици граѓани кои чекаа да се потпишат за својот кандидат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*