Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Рим, Италија, присуствиваше и се обрати на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања.
На настанот каде присуствуваа и Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка и прв заменик на претседателот на Владата на Македонија како и Бисера Костадиновска – Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и министерка за култура, претседателот Ковачевски говореше за прогресивните политики кои ги имплементира СДСМ, а кои се посветени на унапредување на демократијата, социјалната правда, економскиот развој и благосостојба на граѓаните и секако политиките за родова еднаквост за која СДСМ е предводник во Македонија.
Претседателот Ковачевски воедно се осврна и на фактот дека по доаѓањето на СДСМ на власт, кај сите параметри за демократски напредок се бележи напредок, како што е и фактот дека од 118 место, денес сме на 38 место во однос на слободата на медиумите. Претседателот Ковачевски, посочи дека СДСМ, како државотворна и прогресивна партија ќе продолжи да испорачува прогресивни и проевропски политики, и со таква програма и ќе настапи на претстојните избори годинава.
Тој посочи дека СДСМ останува посветена на реформите кои ќе обезбедат европска иднина за граѓаните на Македонија, и ќе продолжи да се залага за имплементација на Планот за раст кој ќе помогне за што побрза интеграција на регионот во единствениот европски пазар.
„Членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел“ посочи претседателот Ковачевски пред присутните учесници на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања, се наведува во партиското соопштение.